Вечна слава! 113 години од смртта на прилепчанецот Пере Тошев
Денеска се навршуваат 113 години од смртта на прилепчанецот Пере Тошев.
По тој повод, делегации од Општина Прилеп, Советот на Општина Прилеп, основните и средните училишта, здруженија и политички партии положија цвеќе и се поклонија пред спомен-обележјата во знак на длабока почит кон неговата борба и жртва.

Ние мораме секојдневно да зборуваме за неговиот живот, за делата на македонските револуционери и за нивната борба за независна Македонија, се со цел повторно и повторно да го потсетуваме светот дека нашата земја е исконска земја која што цврсто и со длабока наклонетост стои пред своите корени, пред својот идентитет, својот јазик и своето свето име.


















