Честитки! Половина век, образование, креативност и успешност – ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп
Со пригодна свеченост ООУ “Гоце Делчев” го одбележа својот Патронен празник посветен на 50 години од постоењето на училиштето. Сето тоа подразбира половина век исполнет со знаење, пријателства, љубопитност, напредок и несебична посветеност. Ова училиште во овие 50 години, бележи голем раст и развој, а денес функционира во комплетна модернизација.

“50 години постоење -ООУ “”Гоце Делчев ” -Прилеп. Гордост е да се биде дел од колегиумот на ова училиште! Гордост е да се има ученици како нашите -ГОЦЕВИ! Чест е да се има родители какви што имаме! СИТЕ ЗАЕДНО ДА ЧЕКОРИМЕ ПО ПАТОТ НА ЗНАЕЊЕТО ОСТАНУВАЈЌИ НА ВРВОТ НА НАЈУСПЕШНИТЕ!” – исткна директорката на ООУ Гоце Делчев, Снежана Котева.

Во прилог, погледнете како помина пригодна свеченост ООУ “Гоце Делчев” со која ова прилепско училиште го одбележа својот Патронен празник, посветен на 50 години од постоењето на училиштето. Видеото е дело на најдобрата Фан продукција – Зоран Пиловски.















