|

ВЕЧЕРВА ВО ПРИЛЕП: „Боите на мојот град“

Сподели го ова:





























На првата самостојна изложба Филип Јовески ќе се претстави со слики во комбинирана техника,
работени во 2022 година, на кои се претставени значајни објекти, градски визури и пејзажи од Прилеп. Изложбата започнува од вечерва од 19 часот и ќе трае се до 17 ноември.
Изложбата претставува кулминација на истражувањето на архитектонската форма низ илустрација и слика, искажано преку синергијата на двата аспекти од моето творештво: архитектурата и уметноста – вели авторот.
Филип Јовески е дипломиран инженер архитект, магистер по архитектура. Има проектирано повеќе значајни објекти во Македонија и Германија. Учествувал на повеќе ликовни групни изложби и проекти, како и на уметнички колонии за вајарство и сликарство. Член е на ДЛУП. Во последните неколку години освен како архитект, работи и како дизајнер, илустратор на детски книги и концепт артист за графички новели.




Сподели го ова:

Слични објави