МВР наместо да биде пример каде треба да се паркира, таа во Прилеп си паркира каде што ќе посака??
Нашата информативна екипа додека беше на терен, собирајќи нови актуелни информации со цел за да го задржиме високиот степен на посетеност на нашиот информативен портал од Ваша страна, во центарот на Прилеп – пред неколку денови ја “улови” оваа фотографија.
На фотографијата се гледа како службен автомобил на МВР е паркиран во централното градско подрачје кај прилепската џамија во пешачка зона каде поминуваат пешаци, а само на 30-тина метри од тука има регуларен паркин. Токму на ова место кај оваа пешачка зона, МВР има казнето голем број на возила за погрешно паркирање, меѓутоа очигледно е дека законите важат само за обичните граѓани.