Градоначалникот Борче Јовчески повторно на терен
Според оперативниот план за работа, комуналните работници веќе извесен период го чистат Дабничкиот канал на потегот од мостот кај касарната, до вливот во Оревоечка река. Со рачен алат се чистат камените sидови од трева, коров и шипови. По ова, камените sидови се мијат со цистерна за да се намалат плевелите, додека пак насобраниот отпад се транспортира во депонијата во Алинци.
Денеска градоначалникот Борче Јовчески, изврши увид во работата на комуналното претпријатие при чистењето на Дабнички канал.
Од страна на директорот Рубинчо Абрашоски, тој беше информиран за континуитетот на работата, но и со количините на отпад кои се транспортираат до депонијата во Алинци.