КОВАЧКИ: Бугарскиот предлог е капитулација, а Ковачевски и Османи ја капитулираат Македонија
Бугарскиот предлог е капитулација, а Ковачевски и Османи ја капитулираат Македонија-истакна Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на денешната негова прес-конференција, која целосно Ви ја пренесуваме во прилог:

“Ковачевски, Османи и Маричиќ се на пат да спроведат Бугаризација. Ова не смее да помине. Премногу е! Предлогот кој Ковачевски, Османи, Пендаровски и останатите го претставуваат како модифицирана верзија, всушност е истата која наводно ја одбија пред една недела. Тоа е првата лага на Владата. Во овој предлог наместо отворање на европерспектива, се овозможува легална рамка Бугарија да условува со идентитетски теми, јазикот, историјата, промени на учебници, споменици, настани и други понижувачки барања. Тоа Османи и Ковачевски им го обезбедуваат на бугарската страна преку годишните извештаи за спроведувањето на членот 12 од билатералниот договор од 2017-та кој што се однесува токму на овие чувствителни прашања. Па така ако на Бугарија не и се допадне некоја реченица во учебник, некоја лекција за Гоце Делчев или Илинденското востание, тие преку овој механизам би го блокирале пристапувањето на Македонија, само затоа што на тоа се согласила нашата страна”-истакна Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.