Цели 33 години Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп
Поминаа 33 години од основањето на Општинскиот комитет во Прилеп, а сето ова претставува значаен јубилеј за македонската политичка историја. По повод 33 години од формирањето на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, со честитка се јави и прилепскиот градоначалник Борче Јовчески при што истакна:
“На сите членови, поддржувачи, симпатизери и основачи сакам да им го честитам роденденот и да им изразам неизмерна благодарност, затоа што секогаш кога на Македонија и било најпотребно, Прилепчани знаеле да бидат први на браникот на татковината предводени од ВМРО-ДПМНЕ!
Денешниот ден исто така го потврдува тоа, им честитам на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и на претседателот Христијан Мицкоски кои што со своите ставови покажаа дека повторно сме заедно на страната на македонскиот народ, за зачувување на македонските национални интереси и идентитет.
Почитувани мои прилепчани, промените носат подобра иднина, искрено Ви благодарам за поддршката што ја добивам јас како градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Советот на Општина Прилеп исто така предводен од ВМРО-ДПМНЕ.
Прилеп повторно ќе биде развиена и напредна општина, општина со квалитетен и достоинствен живот за сите граѓани!” – истакна Јовчески.