Новиот крушевски градоначалник не знае да мирува! Чонески денеска беше дел од експертската работилница организирана од Австриската амбасада
Новиот крушевски градоначалник Нико Чонески беше дел од панел дискусијата која беше во рамките на експертската работилница “Создавање на зелени работни места во МК”, организирана од Австриската амбасада.

Разговаравме за потенцијалот за создавање зелени работни места во управувањето со отпад, во руралните средини и за одржлив туризам. Ги истакнав најсериозните еколошки проблеми со кои се соочува нашата општина, како и подготвеност и план за нивно систематско решавање. Упатувам посебна благодарност до амбасадорот, Martin Pammer – истакна градоначалникот Чонески за СТАНИЦА.МК.

















