ПРЕТПРЕМИЕРА: Вечерва во прилепскиот театар “Воjдан Чернодрински” претпремиера на театарската претстава “Круг”

Вечерва во прилепскиот театар “Воjдан Чернодрински” со почеток во 20 часот ќе се одигра претпремиерата на театарската претстава “Круг”. Станува збор за уште едно маестрално дело на актерите од прилепскиот театар. Претставата „КРУГ“ е работена според текстот на Едвард Олби, додека пак режијата и сценографијата се дело на Јован Ристовски. За костимографијата е задолжен Андреј Ѓоргиевски, додека пак како драматург и за превод од англиски е задолжена Лидија Митоска – Ѓорѓиевска. Во театарската претстава “Круг” играат:
СЕМ – ИГОР ТРПЧЕСКИ
ЏО – ДАНИЕЛА ИВАНОСКА
ЛУСИНДА – НАТАША АЧАНСКИ
ФРЕД – ДИМИТАР ЦРЦОРОСКИ
ЕДГАР – МИХАЈЛО МИЛЕНКОСКИ
КЕРОЛ – АНГЕЛА НАУМОСКА
ОСКАР – ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ
ЕЛИЗАБЕТ – МАРИЈА СПИРКОСКА ИЛИЈЕСКА
Се гледаме вечерва на театар, зашто ансамблот на прилепскиот театар секогаш има што да понуди. Што се однесува пак до официјалната премиера на оваа претстава, истата ќе се одржи утре-петок 15.07.2022 година со почеток во 20 часот. Билети за претставите може да резервирате на 076/ 442-378.