Вчера во прилепско Чумово, вернците го посетија Манастирот “св.Василиј Острошки”

Сподели го ова:
























Вчера, беше манастирската слава на Манастирот во градба св.Василиј Острошки во прилепско Чумово. Голем број на верници од Православна вероисповед, вчера беа на свечена литургија, која започна во 11 часот во манастирот св.Василиј Острошки во село Чумово.

Славата беше посветена на големиот чудотворец св. Василиј Острошки. Неговите мошти останааа цели и целебни, нераспадливи и чудотворни до денешен ден. Чудата на гробот на Св. Василиј се безбројни. Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите и наоѓаат исцеленија во најтешките маки и болести. Светите мошти се наоѓаат во манастирот во Црна Гора.




Сподели го ова:

Слични објави