УШТЕ ОВА НЕДОСТИГАШЕ: Се издава прилепскиот участак под кирија?
На вратите на Меморијалниот музеј во Прилеп, во јавноста познат како “прилепски участак”, се појави еден чуден транспарент кој што денеска го привлече вниманието на нашите прилепски сограѓани.


“Прилепскиот участак – некогаш полициска станица на бугарскиот окупатор, денес симбол на борба и херојство! Но, за жал како тргнала работата со политиките на Владата и пратениците од СДСМ, на прав пат сме да се повтори историјата. Само ве потсетуваме дека некогаш во оваа зграда бил измачуван македонскиот народ од страна на окупаторот и ви порачуваме националните интереси да не бидат предмет на вашето лошо работење! Господа од Прилеп, овој град е херој, тоа така било и ќе остане!” – стои во Facebook објавата на УМС – Прилеп

















