Во близина на Дреново, пијан возач излета од патот – имал 2,52 промили алкохол во крвта

Сподели го ова:































На 11.05.2025 во 17.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Г.Т.(44) од Кавадарци. Тој, управувајќи возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, кај место викано Рамниште, изгубил контрола и излетал од патот. Г.Т. бил задржан во полициска станица, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,52 промили алкохол во крвта.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а  од Кривичниот законик –  „безобѕирно управување со моторно возило“ – информира МВР.




Сподели го ова:

Слични објави