Вчера во Мариово, народот се поклони пред светите мошти од св.Никола кои беа изложени во манастирот во с. Манастир
Вчера, кога се празнуваше манастирската слава “Пренос на моштите на Свети Николај, Чудотворец Мирликијски”, во манастирот „Свети Никола“ – Мариово, Неговото високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски и Неговото преосвештенство епископот Велички г. Никола, со бројно свештенство, отслужија Света Божествена Златоустова Литургија.
Додека траеше литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Исто така, за време на богослужбата, беа изнесени светите мошти на св.Никола, пред кои се поклонија големиот број на присутни верници.