Денеска, сончево време со температура до 28 степени
Денеска, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Веќе после пладне, претежно во источните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се движи од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.