Процесот на легализација на бесправно изградени објекти во Општина Прилеп продолжува континуирано

Сподели го ова:


























Новоформираната комисија од Локалната самопурава активно го спроведува теренскиот увид, а досега се посетени над 400 бесправно изградени објекти, чии барања за легализација ги исполнуваат нормите предвидени со Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти. До овој момент веќе се изготвени 350 решенија, а мора да потсетиме на фактот дека биле затекнати околу 6000 барања, за кои од страна на Општина Прилеп ги уверуваат граѓаните дека целосно ќе бидат разгледани и ќе се постапи по сите кои ги исполнуваат со закон предвидените норми.

Инаку со легализацијата се опфатени барања на граѓаните поднесени во 2011 како и дел што се однесуваат на 2016 и 2018 година од продолжениот рок.




Сподели го ова:

Слични објави