Утре, по 18-ти пат ќе се одржи спортско-рекреативната манифестација “Сите на велосипед”
“Нај Старата Велосипедска Манифестација во Градот Убав – Прилеп и во Државата МАКЕДОНИЈА, Традиционално ќе се одржи на 24ти Мај, Денот на Сесловенските Просветители Кирил и Методиј !!!
– Старт: 12ч ( пред реклами ) собирање половина час пред старт;
– Патека: Прилеп – Мало Кољари – Прилеп;
– Награди: Традиционално за Нај Млад и Нај Стар учесник;
– Учество: Отворена покана до сите љубители на спортот;
– Технички прописи: СЕ вози со ТЕХНИЧКИ ИСПРАВЕН точак;
Организаторите обезбедуваат освежување и закуска за Сите учесници, предвидена е пауза во дворот на училиштето
“ Страшо Пинџур “ во Мало Коњари, после доделувањето на наградите организирано се враќаме до центарот на градот каде и завршува целата манифестација.
НАПОМЕНА: Учесниците се движат по ДЕСНА коловозна лента”– истакнуват организаторите.