Евроамбасадорот Рокас денеска во посета на Крушево и Битола
Евроамбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас, денеска најави посета во општините Битола и Крушево.
Вечерва, во Битола, евроамбасадорот ќе го отвори концертот по повод Денот на Европа на големото плато на Офицерскиот дом во Битола. Што се однесува пак до неговата посета на Крушево, истата ќе започне со средба меѓу амбасадорот Рокас, градоначалникот Чонески, како и членовите на Советот на општината. Исто така, во Крушево ќе биде развиена дискусија за придобивките од пристапувањето во ЕУ, како и на видливите резултати од финансиската помош на ЕУ врз секојдневниот живот на луѓето во регионот.


















