Почина ќерката на Јулија: Мојот ангел одлета, ми се откорна од срцето, од утробата мојата прва љубов…
Денес, на 41-годишна возраст почина уметница Андријана Мациевска, ќерката на познатата водителка и пејачка Јулија Мациевска, како резултат на долгата и тешка борба со ракот. Нејзината мајка Јулија, денеска страшната вест ја објави на социјалните мрежи при што напиша:
„Мојот ангел одлета, ми се откорна од срцето, од утробата мојата прва љубов, мојата единствена роза, мојата Андријана. Мојата зеница, мојата светлина, моето добро девојче, мојата голема уметница… боли, боли, боли“-напиша Јулија.