Спасен Силјаноски и прилепчанката Вики Стојаноска на хуманитарен концерт за Јани Иванов

Танцовиот клуб “Trend Live Vision” од Неготино организира хуманитарен концерт за Јани Иванов. И овој пат сите да ја покажеме хуманоста на дело. На 18-ти Август со почеток во 20 часот во СРЦ “Маладост”-Неготино голем дел од естрадата повторно ќе се собере на едно место, а меѓу другите, свое учество ќе земат Спасен Силјаноски и прилепчанката Вики Стојаноска која исто така на 8-ми август оваа година, учествуваше и на еден друг хуманитарен концерт во Неготино, кој исто така беше организиран за Јани Иванов.
Инфо и резервации на карти на 075/816-830
Сите заедно за Јани Иванов!