Вчера и денес, заменик градоначалникот Бозоски, ги посети сите основни прилепски училишта по повод почетокот на новата учебна година
Во изминатите два дена, делегација од Општина Прилеп предводена од заменик градоначалникот Диме Бозоски, ги посети сите основни училишта на територијата на општина Прилеп по повод почетокот на новата учебна година.


На сите првачиња кои ја започнаа оваа учебна година им беше поделен школски прибор како еден мал знак на внимание, а заменик градоначалникот ги поздрави сите нови ученици кои за првпат седнуваат во училишните клупи, им посака успешна учебна година, многу нови другарчиња, но секако учењето да биде во прв план.


Оваа година, Општина Прилеп обезбеди бесплатен оброк за сите ученици од прво и второ одделение. Оваа мерка е со цел да се намали трошокот на родителите, но исто така и децата да стекнат навика за здрава исхрана.

Среќен почеток на учебната година!
















