| |

Вечерва треба да дојдете само на камената бина во Прилеп, а за се друго, како и за вашето расположение ќе се погрижат дечките од ,,No Cigarettes”

Сподели го ова:























Вечерва од 21 часот на Камената бина во Прилеп, започнува втора епизода на проектот „Од 0 до Култура“ со дечките од NO CIGARETTES – Tribute to РИБЉА ЧОРБА.

,,No Cigarettes” е 4-член македонски рок бенд од Прилеп кој е формиран во декември 2020 година. Членовите на групата се долгогодишни блиски другари кои со нивната заедничка посветеност и љубов кон рок и метал музиката оформуваат бенд кој ја крева публиката на нозе со добар грув, извонредни инструментали и одлична динамика и вокална хармонија.

Фронтменот има улога на басист и главен вокал, а тоа е Вања Младеновски (17). Тапанар е извонредниот Дамјан Димкоски (16), на соло гитара која зема воздишки е Филип Силјаноски (18), а на ритам гитара е Бојан Николоски (18).

Нивната публика ги опишува како млад бенд кој со секој нареден гиг се стреми да направи што е можно подобро шоу, а успешноста во тоа ги импресионира и долгогодишните искусни музичари.

Нивен најголем успех покрај прекрасните перформанси се нивните авторски дела, кои сеуште публиката ја држат во неизвесност. Ве покануваме вечер (29 јуни) на Камената бина во Прилеп во 21.00 часот да уживате во добра музика и добро друштво.



Сподели го ова:

Слични објави