Во чест на Зоран Петковски – Петко, битолските одбојкарки ќе одржат натпревар со кој ќе ја покажат нивната хуманост

Сподели го ова:






























Почитувани битолчани, спортисти, пријатели, во чест на нашиот Зоран Петковски – Петкото сакаме да ве повикаме на натпреварот од 4 коло во супер лигата во сабота на 01.11.2025 година со почеток во 17:00 часот и да ја покажиме нашата хуманост.

За таа цел средствата од влезниците ќе бидат донарани на семејството на нашиот сограѓанин, спортист и голем човек како симболичен чин на солидарност за оној кој секогаш даваше сѐ од себе за спортот.

Исто така на двата влеза во салата Д-р Јован Калаузи ќе може да се донираат средства – стои во соопштението од OK Пелистер-Волеј.




Сподели го ова:

Слични објави