УЖИВАНЦИЈА: Утре е неработен ден, а потоа многу брзо следува уште еден споен викенд
Повторно граѓаните ќе можат да здивнат од секојдневните работни обврски. Имено, првиот неработен ден е утре, 24 мај (среда) кога е празникот посветен на „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители.
Исто така, на 2-ри јуни православните христијани го чествуваат Духовден кој се паѓа во петок и истиот е прогласен за неработен ден, па како резултат на тоа ни следува уште еден продолжен викенд.