ДА ПОМОГНЕМЕ: Трајан ја изгуби куќата во пожарот кој настана во неговиот дом, но сеуште ја нема изгубено надежта дека постојат хумани луѓе кои можат да му помогнат

Деновиве настана пожар во куќата на Трајан Секуловски од с. Добрушево, при што огнените јазици од настанатиот пожар одзедоа скоро се, што со години создавал Трајан. За жал, вакви немили настани се случуваат, но најважно е да нема човечки жртви.
“При посетата во Добрушево во разговор со Трајан дадовме збор дека со заеднички сили ќе се организираме да помогнеме во најбрз можен рок да се изгради нова скромна куќа. Ги повикувам сите добронамерни луѓе колку што имаат можност да помогнат што побрзо да се обезбедат услови за нормален живот на Трајан Секуловски од Добрушево” – порача градоначалникот на Општина Могила Драганчо Саботковски.
Лице за контакт за донации Ице
тел. 071-251-603