Уживајте во топлото пријатно време – од среда услови за локален дожд
Денеска времето ќе биде сончево и топло, проследено со мала до умерена облачност, при што ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 14, дпдека пак максималната ќе достигне до 27 степени.
Врз основа на информациите од УХМР, ќе продолжи периодот на топло време. Во среда- кон крајот на денот ќе има процес на зголемување на облачноста кој ќе биде проследен со локални врнежи од дожд, кои ќе продолжат во текот на ноќта кон четврток.
Услови за локален дожд ќе има и во петок.