Филипче: Овој резултат не е онаков каков што го посакувавме
СДСМ на вчерашните локални избори освои само три градоначалнички места во цела Македонија. На вчерашната прес конференција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека ова не бил резултат каков што го посакувал СДСМ.
Овој резултат мислам дека не е тој којшто го посакувавме сите, меѓутоа би рекол дека, имајќи ги предвид околностите, не е лош резултат – истакна Филипче.
















