Величествен настан во организација на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп
Во пресрет на 8-ми март меѓународниот ден на жената, Унијата на жени при ВМРО-ДПМНЕ -Прилеп вечерва во Хотелот „Кристал Палас“, одржа настан под мотото „Занаетот – чувар на нашата традиција!“.
Станува збор за величествен настан на кој присуствуваа голем број на жени кои што уште еднаш покажаа и докажаа дека сите заедно, треба да работиме на подигање на свеста за подобрување на правата на жените, нивно изедначување со мажите и еднаков пристап во сите сфери на општественото живеење.