Денешно топло неделно време- идеално за прошетка во блиската околина
Денешниот неделен ден ќе биде проследен со сонце и потопли температури до 18 степени. Утрово ќе постудено, а преку денот ќе биде доста сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец.
И утре ќе имаме сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурите ќе се движат од 18 до 23 степени. Веќе во вторник ќе имаме променливо облачно време со локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец,а максималната температура се очекува да го достигне 21-виот степен.