ГРАЃАНИТЕ СМЕТААТ ДЕКА МЕРКИТЕ СЕ ЗАДОЦНЕТИ: Владата утре ќе одлучува за ново замрзнување на цените на следнава категорија на производи
Граѓаните сметаат дека мерките на Владата за намалување на основните производи се задоцнети. Впрочем, сето ова пред една година го предлагаше ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа Владата тогаш не преземаше вакви клучни чекори.
Имено граѓаните истакнуваат дека растот на платите и пензиите не е целосно доволен, за да ги покријат високите неопходни трошоци, и истите очекуваат дополнително поевтинување и на другите основни продукти, а дали тоа ќе се случи – останува да видиме.
Имено, во текот на утрешниот ден Владата ќе се одлучува дали ќе се замрзнат цените на шеќерот, јајцата и оризот. Анализите за овие производи биле веќе готови, а надлежните сеуште не откриваат дали ќе има намалување на цените, и ако има – за колку проценти истите би биле намалени.

