Слатките “Ројалковци” се приклучија кон хуманитарната акција која викендов беше организирана по повод Меѓународниот ден на детето
Малите ангелчиња од “Royal Kids House” -Прилеп заедно со нивните наставнички, изминатиот викенд имаа одличен настап на хуманитарниот настан кој беше организиран од Унијата на ЗМСТАС, предводена од Здружението „За нас“. Настанот беше организиран со единствена и благородна цел, да се соберат средства за лекување на децата.
Уште еден успешен настап на нашите вредни деца, кои ги разведрија, разиграа и распеаја сите присутни одбележувајќи го Светскиот ден на детето спојувајќи ја хуманоста и креативноста, во организација на здружението ,,ЗА НАС” – истакнаа од Ројал Кидс – Прилеп.
Имено, овие слатки ангелчиња од “Royal Kids House” преку своите атрактивни настапи кај градскиот часовник во Прилеп, викендов го привлекоа вниманието на сите присутни кои беа дел од овој хуманитарен настан.