Утрово пожар на камион со приколка на патниот правец Прилеп-Градско кај местото “Вклештен мост”

Сподели го ова:























Врз основа на нашите ОФИЦИЈАЛНИ информации кои пристигнуваат од терен, утрово нов пожар во Прилепско, односно кај местото “Вклештен мост”. Станува збор за пожар во камион на самиот патен патен правец Прилеп-Градско. Нашата екипа оди на лице место за да види за што станува збор. Колку за потсетување, вчера избувна и пожар во Манастир Св.Илија Писокал-С.Кален, при што истиот за брзо беше ставен под контрола, а истата информација беше потврдена и на официјалниот Facebook профилот од манастирот од каде истакнаа дека : “Пожарот е под контрола благодарение на ТПП Прилеп. Ви благодариме за известувањето”.



Сподели го ова:

Слични објави