Не пропуштајте! Овој петок во Прилеп, изложба и песни по повод 40 години од “Чоканче”

Сподели го ова:





























Во петок, 30 јануари 2026 година, со почеток во 18:30 часот, во Ликовната галерија во НУЦК “Марко Цепенков“ – Прилеп, ќе се одржи одличен настан посветен на 40-годишното успешно функционирање на битолската музичка група „Чоканче“. Во Ликовната галерија преку изложба ќе биде презентиран развојниот пат од 40 години на групата Чоканче, а публиката ќе има можност да присуствува и на изведба на музички нумери од групата.



Првото појавување на групата e на 12 март 1983 година, на „Рок Парадата“ во салата на тогашното кино „Партизан“ во Битола, заедно со уште 13 локални групи. Со енергичен настап и природен контакт со публиката, Чоканче веднаш се издвојува, а тој ден засекогаш ја промени рок сцената во Битола. Од 1986 година па наваму, групата настапува со свои авторски песни, снимани за Радио Битола и Македонската Радио и Телевизија. И покрај прекините во работењето, групата Чоканче останува присутно повеќе од четири децении, постојано носејќи ја својата енергија пред публиката.
Во периодот 1994–1995, во студиото на Миодраг Неќак – МИКС започна снимањето на дуплиот албум Чоканче 1&2, издаден на касета и промовиран во клубот „Андерграунд“ – Битола, Дом на млади – Штип и Дом на млади – Скопје. Во 2024 година дел од песните беа реиздадени на винил, а наскоро ќе бидат достапни и на компакт диск.
Членови низ годините:
Групата претрпуваше промени во составот, но остана верна на својот препознатлив звук.
Денес Чоканче се:
Паљачо, Скрочо, Крчо, Ќебапо и Алеко.
Голема благодарност на оние кои беа дел од Чоканче и сите оние кои несебично ни помагаа . Гооолема благодарност на сите кои беа со нас сите овие години.
Од Срце ве сака – ЧОКАНЧЕ! – порачуваат од групата.




Сподели го ова:

Слични објави