Во ташната си ставила повеќе производи, и без да ги плати си излегла од продавницата
На 11.05.2024 во 19.20 часот во СВР Велес бил извршен службен разговор со 63-годишна велешанка С.М., по претходна пријава од вработена во продажен објект во Велес дека била забележана дека ставила во ташна производи без да ги плати и на излегување од објектот била задржана од вработените.
Предметите биле одземени и вратени на сопственикот. По документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок – информира МВР.