Благодарение на навременото известување на STANICA.MK и брзата интервенција на пожарникарите, пожарот во Манастирот Св.Илија Писокал С.Кален е ставен под контрола

Сподели го ова:
















За да се информира јавноста со навремени и проверени податоци, треба постојано да сте на терен. Имено, новинар не значи само да седите пред компјутер и да добивате само покани од настани, или пак само да примате е-маил известувања од настани и медиумски да ги споделувате. Новинарството опфаќа и постојана теренска активност, која што секојдневно ве тера како новинар одново и одново, секојдневно да барате нови информации, пред се како еден вид на благодарност за Вашите читатели кои токму Вас, Ви ја довериле довербата постојано да Ве следат во навременото објективно известување. Токму тоа и денеска се повтори, благодарение на навременото известување на STANICA.MK и брзата интервенција на пожарникарите, пожарот во Манастир Св.Илија Писокал-С.Кален, е ставен под контрола. Имено, пријатели на “stanica.mk” кои во првите го забележаа пожарот во близина на манастирот, веднаш се јавија во ТПП-Прилеп и алармираа за настанатиот пожар, а ние во истиот миг веднаш објавивме на нашиот информативен портал за настанатиот пожар, а објавата беше споделена од голем број на прилепчани. А дека пожарот е ставен под контрола, информираа и од Facebook профилот од манастирот од каде истакнаа дека : “Пожарот е под контрола благодарение на ТПП Прилеп. Ви благодариме за известувањето”. Нека овој пожар биде последен, и нека сведочи како нем последен сведок за пламени јазици кои се појавиле во близина на христијански манастирски објекти.







Сподели го ова:

Слични објави