Утрово, хиротонија на Ново-наречениот епископ Никола Велички – викарен архијереј на Преспанско-пелагониската епархија
Утрово, (недела) 21.01.2024 во храм св. вмч. Димитриј во Битола, веќе започна литургијата каде ќе биде извршена хиротонијата на Ново-наречениот епископ Никола Велички (отец Никола од манастирот св. Никола -Мариово).
Колку за потсетување, Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во полн состав, одржана на 26 декември 2023 година, го избра Неговото Високопреподобие архимандритот г. Никола (Трајковски) од манастирот „Св. Никола“ во с. Манастир – Мариово, за викарен архијереј на Преспанско-пелагониската епархија со титула Епископ Велички. Достоен!