Изгаснат е пожарот кој што се појави утринава околу 9 часот кај Вклештен мост на патниот правец Прилеп-Градско

Изгаснат е пожарот што изби изутринава околу 9 часот на камион со приколка кај Вклештен мост на патниот правец Прилеп-Градско. Според првичните информации, пожарот настанал од засега непознати причини. Имено, пожарот се појавил на задните гуми од приколката на камионот кој што превезувал млеко, и истиот се движел во патен правец надвор од Прилеп. За среќа, пожарот е изгаснат, а воедно после гаснењето на пожарот, е нормализиран сообраќајот на самиот патниот правец.