Утрово, најладно во Прилеп и Берово
Денешното студено зимско утро, предизвика градот под Марковите Кули да се вбои во листата на денешните најстудени градови во нашата земја.
Имено, денеска најниска температура утрово е измерена во Берово – 4, а веднаш потоа е Прилеп со – 3 степени под нулата.
Во Прилеп и прилепско во текот на ноќта имаше појава на магла или ниска облачност со намалена видливост. Денеска, максималната температура ќе достигне од 8 до 16, а во местата со магла од 2 до 5 степени.
