Утрово Градоначалникот Јовчески одржа координативен состанок со работните тела засегнати во потрагата по малиот Петар

Сподели го ова:


























Можно е да е слика од 4 луѓе, седнати луѓе, луѓе што стојат и внатре

Утрово Градоначалникот Јовчески одржа координативен состанок со работните тела засегнати во потрагата по малиот Петар која трае веќе шести ден. На состанокот присуствуваа претставници од ОВР Прилеп, ПС за граничен надзор, АРМ, ТППЕ Прилеп, ЦУК, Центарот за социјална работа Прилеп како и од спасувачката служба „Златоврв“. Од моментот на пријавувањето за исчезнувањето на малиот Петар, односно во петокот во 20:00 часот, активирани се гореспоменатите институции со поддршка на Единицата за брзо распоредување, хеликоптерска поддршка, ловџии и кучиња трагачи.

Можно е да е слика од 7 луѓе, седнати луѓе и внатре

Оваа потрага во која активно учествуваат повеќе од 100 луѓе дополнително ја отежнаа снежните врнежи (околу 60 сантиментри) на местото на кое детето е изгубено. Уште еднаш апелираме до сите граѓани на општина Прилеп кои можат било како да помогнат, да се вклучат во потрагата со цел успешно да се заврши. Во овој момент секоја информација е добредојдена, затоа доколку ја имате ве замолуваме обратете се до надлежните служби.




Сподели го ова:

Слични објави