Голем дел од Битола денеска ќе остане без струја
Денеска, 13 мај, голем дел од битолските населени места ќе останат без електрична енергија заради планирани прекини. Првиот прекин ќе биде од 06:30 до 16:00 часот, при што истиот се однесува на селата Брод, Сливица, Скочивир, Бач, Гермијан, Живојно, Кременица, Меџитлија, Егри, Гнеотино, Тепавци, Гнилеж, Ивени, индустриската зона Жабени, како и повеќе стопански објекти во регионот.
Исто така, прекин ќе има и во делови од градот Битола во периодот од 09:05 до 13:00 часот, при што без струја ќе бидат улиците „Епинал“, „Блаже Конески“, „Сисак“, како и дел од улицата „Круме Кепески“ со околните објекти.


















