АИРЛИЈА: Прилепскиот Мермерен комбинат има нов сопственик

Сподели го ова:
























Нов сопственик има една од најуспешните прилепски компании, а оваа информацијата е официјална потврдена и истата е објавена на веб страната на Македонската берза.

Станува збор за фирма која што управува со инвестициски фондови, или во име и за сметка на свои инвеститори купува компании во Југоисточна Европа. Имено тоа е друштвото ЕЦМ Партнерс кое што договорило превземање на грчката компанија Pavlidis S.A Marble – Granite, односно компанијата која беше досегашниот сопственик на прилепскиот Мермерен комбинат.




Сподели го ова:

Слични објави