ВМРО-ДПМНЕ ПРАШУВА: “Владата да каже дали стоковите резерви се полни, ако да, зошто не интервенира со пуштање во промет за да се запазат цените?!”

Сподели го ова:


Владата да каже дали стоковите резерви се полни, ако да, зошто не интервенира со пуштање во промет за да се запазат цените?!-прашуваат од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Во прилог Ви го пренесуваме остатокот од нивното соопштение:

“Според информациите од светските берзи цената на пченицата во последните неколку дена е порасната за 24%, и цените се очекува да растат, а од домашната мелничка индустрија велат дека имаат залихи на брашно и пченица за 30 до 45 дена. Единствен начин да се спречи ценовен шок од големи размери, да се запазат цените и стандардот на граѓаните е државата да интервенира на пазарот преку пуштање во употреба стоковите резерви на пченица со што од мелничката индустрија нема да имаат потреба да купуваат скапа пченица од надвор.

Доколку стоковите резерви се полни, тие ги задоволуваат потребите и за над 120 дена од просечната годишна потрошувачка.

Доколку стоковите резерви се полни власта треба веднаш да интервенира, а доколку не се, да одговори зошто до сега не биле наполнети, и што чекаа додека сите земји купуваа залихи?

Доколку стоковите резерви не се полни, владата треба да сноси одговорност што ја оставила државата во овие тешки моменти без потребните и неопходни ресурси”-се вели во соопштението од страна на ВМРО-ДПМНЕ.





Сподели го ова:

Слични објави