Пред 45 години во 1979 година, за прв пат биле отворени вратите на НУЦК „Марко Цепенков“
Во 1979 година биле отворени вратите на тогашниот Дом на култура „Марко Цепенков“, сегашната национална установа ЦК „Марко Цепенков“.
Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп 45 години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија. НУЦК“Марко Цепенков“ својата дејност ја започнува во далечната 1979г. како Дом на Културата, со специјално подготвената театарска претстава “Факел“ од Коце Солунски.Во почетокот Домот на Културата ги потикнуваше аматерските самодејности : фолклор, сликарски школи, литературни, драмски и фото клубови.
Во 90-те години во склопот на Домот на Културата влегуваат КПЗ на град Прилеп, Списанието за литература, уметност и култура “Стремеж“ и ЦСЛУ. Домот на Културата “Марко Цепенков“ прераснува во Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп со професионална и значајна издавачка, ликовно – галериска и сценско музичка дејност. ЦК“Марко Цепенков“ во 2004 г. го добива статусот: Национална Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ и во нејзини рамки влезе дотогаш Народниот театар “Војдан Чернодрински“ Необично е тешко и речиси невозможно да се систематизираат, па дури и само да се набројат сите културни настани кои се создале, се промовирале, се зародиле, се одиграле во НУЦК“Марко Цепенков“ Прилеп. Оваа институција е голема подршка за сите аматери но пред се голем репрезент на високо професионални театарски, литературни и ликовни дела. За својата исклучително значајна културна дејност како и за инзвондредните пред се театарски и музичко сценски изведби во 2009г. НУЦК“Марко Цепенков“ ја доби најпрестижната награда на град Прилеп “3-ти Ноември”.
.