Градоначалникот Јовчески денеска го посетија ученици од шесто одделение од ООУ ,,Климент Охридски

Сподели го ова:


Можно е да е слика од 3 луѓе, седнати луѓе, луѓе што стојат и внатре

ООУ ,Климент Охридски од Прилеп е воспитно образовна установа во која наставниците континуирано и професионално се усовршуваат, за да може да реализираат современа и квалитетна настава, која е приспособена на потребите и интересите на учениците како активни субјекти без разлика на верската, етничката, половата и социјалната припадност. Станува збор за современо училиште со еднакви можности за сите ученици да стекнат знаења, способности, вештини и развивање на свест за правата и обврските, меѓусебно почитување на различните етнички заедници, развивање на соживот, помагање и разбирање. Врз основа на тоа, учениците од шесто одделение од ова прилепско училиште денеска го посетија кабинетот на прилепскиот градоначалник Јовчески, каде што учениците беа воодушевени од нивната посета со градоначалникот Јовчески. Како резултат на оваа посета градоначалникот Јовчески истакна:

Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат и внатре

“Денешниот ден го започнавме со прекрасна посета на ученици од шесто одделение од ООУ ,,Климент Охридски’’. Нивната проектна задача по Македонски јазик, ,,Правиме интервју’’ беше целта на оваа посета. Низ нивните прашања за момент се потсетив на училишните денови, омилените книги како и на почетоците на мојата кариера. За крај им порачав да учат и да бидат успешни тука, во нашата општина, затоа што каменот тежи таму каде што му е местото”-исткна градоначалникот Јовчески.

Можно е да е слика од 3 луѓе, седнати луѓе и внатре





Сподели го ова:

Слични објави