Успешна организација на “Авто Контрол”: Oдбележан 11-ти мај -Денот на сообраќајната култура

Сподели го ова:
























Во организација на Станицата за технички преглед “АВТО КОНТРОЛ”- Прилеп, а во соработка со МВР и сообраќајната струка при средното општинско училиште “Ристе Ристески-Ричко”, денеска во центарот на Прилеп беше одржан настан посветен на Денот на културата во сообраќајот.

“Денес, 11 мај, го одбележуваме Денот на сообраќајната култура, посветен на зголемување на свеста и одговорноста за почитување на правилата и прописите во сообраќајот. Оваа година, особено сакаме да ја истакнеме важноста на безбедноста на возачите на моторцикли. Возачите на моторцикли играат важна улога во нашите патиша и затоа треба да бидат особено внимателни. Носењето кацига е клучно за заштита од повреди и несакани настани. Ве повикуваме да ја зголемите вашата свесност за правилата на сообраќајот, особено за брзината, претекнувањето и употребата на заштитна опрема. Придржувајте се до сообраќајните правила и прописи за да создадеме побезбеден сообраќај за сите учесници. Бидете пример за другите и заедно да работиме кон намалување на несреќите и зачувување на нашите животи и имот. Чувајте се на патот и носете кацига секогаш кога возите моторцикл! Заедно можеме да создадеме побезбеден сообраќај за сите”, посочи Перканоска.

Сообраќајната култура е важна за безбедноста во сообраќајот, и не претставува само познавање на сообраќајните правила и прописи, туку истовремено претставува и навика, почитување и применување. Важноста за почитување и применување на правилата да ја пренесеме сите ние заедно на поинаков начин на еден ваков ден. Денешното одбележување е со фокус на важноста на безбедноста за возачите на моторцикли” – истакна Даниела Перканоска од Станицата за технички преглед “Авто Контрол”- Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави