ЌЕ ВЕ НАЕЖИ: Слушнете како Тоше пее црковна песна – недостигаше неговиот глас!
Како што објавивме претходно, манастирот Свето Преображение кој се наоѓа над Крушево (манастирот кој го градеше Тоше Проески), утре – 24 септември ќе биде осветен од страна на Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Во манастирот, на еден од ѕидовите насликан е ликот на Тоше, кој потсетува на нашиот непрежален ангел.
По повод осветувањето на манастирот, МФ “Тоше Проески” на својот Јутуб канал, објави промо видео по повод осветување на манастирот. Во позадина на видеото, се слуша како Тоше пее црковна песна (ЕЛИЦИ ВО ХРИСТА). Музиката и изведбата на песната е дело на нашиот Тоше Проески.
Видеото е превземено од Јутуб каналот МФ “Тоше Проески” (Видео: Инфо Компас/Александар Пауновски)
