ЦЕЛ ПРИЛЕП НА ВЕЛОСИПЕД: Традиционално во Прилеп денес се одржа рекреативната тура „Сите на велосипед“- 2024

Сподели го ова:


























Традиционално во Прилеп денес се одржа рекреативната тура „Сите на велосипед“- 2024. Возењето на велосипед пред се го зајакнува здравјето а исто така претставува превозно средство кое што не ја загадува нашата животна средина и со кое што многу побрзо и поедноставно ќе стигнете до вашата дестинација.

Голема благодарност упатувам до Велосипедскиот клуб „Илинден“ кои што се организатори на овој настан, заедно со нас Локалната самоуправа, како покровители и поддржувачи на оваа манифестација…Ми претставува огромно задоволство што денес имаше голем број љубители на велосипедизмот и на спортот воопшто. Па затоа поради сите овие добри и корисни причини сакам да апелирам до сите наши сограѓани што повеќе да ги користат своите велосипеди и да го чуваат и одржуваат своето здравје и во исто време да ја чуваат животната средина. И во оваа прилика сакам да истакнам дека за многу скоро време Општина Прилеп ќе го распиши Јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипеди за граѓаните на општина Прилеп – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави