Видео кое ќе ве остави без здив! Женскиот хор при ООУ “Климент Охридски” – Прилеп и нивните пријатели создадоа совршено маестрално дело!

Сподели го ова:


























Женскиот хор при ООУ “Климент Охридски” – Прилеп, здружението “Преродба” од Прилеп, и нивните пријатели и музички соработници, направија маестрален спој на гласовите преточени во прекрасната изведба на Македонската песна “Отвори ми бело Ленче”. Директорот на ООУ “Климент Охридски”, Ахил Јаков, оправдано горд на своите учениници, истакна:

“Песната што ќе ја слушните денес е вистински бисер на музиката. Низ неа,нашите ученици го сполотија својот талент и емоција, создавајќи нешто што допира до самото срце.

Секој тон, секоја нота ја пренесува не само музиката туку и душата на учениците. Убавото пеење не се сведува само на совршена изведба, туку на искреното и длабоко поврзување со тие што слушаат. Оваа песна е како мост помеѓу младоста и искуството на музиката и емоцијата во нас. Нешто што не не остава рамнодушни.

Голема благодарност до нашето верно здружение “Преродба”, музичката група “Тајфата” наставникот Бојан Митрески и ментор наставник Маја Џопа. Уживајте!”– порача Ахил Јаков – директорот на ООУ “Климент Охридски” – Прилеп.

Во прилог, слушнете ја изведбата на ова маестрално дело изведено од бисерните грла од учениците при женскиот хор на ООУ “Климент Охридски”, нивните верни пријатели и музички соработници.





Сподели го ова:

Слични објави