СЦЕНА КАКО ОД ФИЛМ: Најнова вест во однос на големиот одрон и поплавата на патот Прилеп-Градско

Сподели го ова:


























opstina

Како што објавивме претходно, рано утрово, на патниот правец Прилеп-Градско, се појавил голем одрон на карпи и огромна поплава во близина на местото каде што се гради новиот тунел. Загрижени возачи, постојано се јавуваат во нашата редакција и информираат за настанот. Моментално сообрајќајот е во прекин, а изведувачот на новиот пат работи со механизација за расчистување на патот. Врз основа на она што можеме да го забележиме директно од терен, патот ќе биде затворен за сообрајќај уште неколку часа.

Колку за потсетување, врз основа на она што го објави ЦУК, вчера во попладневните часови Општина Неготино беше зафатена со невреме со обилни врнежи на град и ветер. Зафатени беа неколку атари на земјоделско земјиште кое на некои места е 100% уништено и тоа кај месноста викана Калдрма, потоа кај месностите викани Бучето, Скрката, Дубровско, како и Црно Поле. На лице место излегоа претставници на општината да ги увидат првичните штети, а од понеделник ќе се формира комисија за процена на штети која во наредните 10 дена ќе ги прима пријавите за штетата. Во градското подрачје од невремето паднати се неколку дрвја кои веднаш биле отстранети од страна на екипите на ЈКП Комуналец, а исто така во приватен имот е урнат и еден потпорен ѕид кој во текот на денот се санира.




Сподели го ова:

Слични објави