Цели 100 години од изградбата на храмот ,,Вознесение Христово – Св. Спас” во с.Добрушево
Денес се одржаа дванаесеттите по ред Добрушевски средби, кои традиционално се организираат првата сабота после Велигден по иницијатива на Архиепископот Охридски и Македонски и Поглавар на Македонската православна црква, Господин Господин Стефан, роден во село Добрушево, општина Могила.
Добрушевските средби започнаа со света литургија во храмот ,,Вознесение Христово – Св. Спас” во присуство на:
-Неговото Блаженство АРХИЕПИСКОПОТ Охридски Македонски и на Јустинијана Прима Господин Господин СТЕФАН;
-Митрополитот Преспанско Пелагонискии администратор Австралиски и Новозеландски Господин ПЕТАР;
-Митрополитот Дебарско – Кичевски и администратор Австралиско Сиднејски Господин ТИМОТЕЈ;
-Неговото Правосвештенство Епископот Хераклејски Господин КЛИМЕНТ;
-Неговото Преосвештенство Епископот Велички Господин НИКОЛА.
Благодарност до Црковниот одбор, домаќините и сите присутни гости, упати градоначалникот на Општина Могила Драганчо Саботковски.