Денеска ќе имаме променливо облачно време, проследено со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, при шпто претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а исто така ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 5, додека пак максималната ќе достигне до 12 степени.
Врз основа на информациите од УХМР следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла по котлините, а исто така ќе имаме и локални врнежи од дожд кои ќе започнат од овој петок.
















